Вистински шок за Србија на полувремето од клучниот квалификациски дуел против Албанија! Во натпревар со висок ризик и уште повисок притисок, гостите од Албанија, со гол во последните секунди од првиот дел, водат со 0:1 во Лесковац.
Херој на гостите е напаѓачот Реј Манај, кој го замолкна целиот стадион.
Гол во 45+1’: Ладен туш за “орлите”
Токму кога се чинеше дека двете репрезентации ќе заминат на пауза со почетниот резултат, се случи моментот на одлука. По еден прекин, топката дојде до Реј Манај, кој одлично се снајде во шеснаесетникот и ја смести зад грбот на Петровиќ.
Голот предизвика делириум на клупата на Албанија и целосен молк на трибините во Лесковац. Сега, на Србија ѝ остануваат 45 минути да се спаси од неочекуван пораз на домашен терен.
Погледнете го голот кој го шокираше Лесковац:
Serbia 0-1 Albania – Rey Manaj 45+1′
byu/4gjdtokurwa insoccer