16.8 C
Skopje

(Видео) Шоу во Мајами: Збогување за Жорди Алба и два гола на Меси

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Вчерашната убедлива победа на домашен терен од 4-0 за Интер Мајами над Атланта беше спектакуларно заокружување на одличната сезона која ја има тимот од МЛС лигата, но и приближување до крајот на едно легендарно трио.

Откако Бускетс ја најави својата пензија на крајот на сезонава, истото го направи и Жорди Алба, па вчера и официјално беше организирано неговото испраќање пред преполниот стадион во Мајами.

Како “подарок” за испраќање публиката доби погодок од Алба, како и два спектакуларни голови на Меси, од кој едниот беше токму по асистенцијата на Жорди. Ова легендарно “трио на Барса” сигурно уште долго ќе се памети, а фудбалерите максимално ја користат секоја шанса за уште еднаш да докажат зошто оставија толку голем печат врз денешниот фудбал.

Меси ги даде првиот и последниот погодок на вечерта со што повторно ја обезбеди титулата “Играч на натпреварот”, а вечерта беше сведок и на уште едно достигнување на фудбалер кој е пристигнат од Барселона. Имено, Луис Суарез со погодокот во вчерашниот меч дојде до својот 600-ти погодок во кариерата, што е извонредно достигнување и влез во елитно друштво на фудбалери кои го имаат достигнато тој број.

Многу причини за славење во Мајами, па уживајте во моментите од ова фудбалерско шоу.

Извор: https://x.com/InterMiamiCF

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено