11.8 C
Skopje

Квалификации за СП 2026: Преглед на викендот – Шпанија, Португалија, Холандија

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Иако викендов сме преокупирани со настапите на македонската репрезентација, во меѓувреме се одиграа и други интересни натпревари во рамките на европските квалификации за Светското првенство во Канада, Мекиско и САД.

Сабота, 7 натпреварувачки ден

Шпанија, Португалија и Норвешка продолжуваат со перфектен учинок во квалификациите за Светското првенство, остварувајќи нови победи во саботните натпревари и уште еден чекор поблиску до Мундијалот во 2026 година.

Шпанија 2–0 Грузија

Шпанија повторно демонстрираше класа и контрола. Јереми Пино го отвори резултатот по одлична асистенција од Робин Ле Норманд, а Микел Ојарзабал со силен удар од слободен удар го потврди триумфот на “фуријата”.

Феран Торес промаши пенал, а Шпанците двапати ја погодија и стативата, но и покрај тоа, победата никогаш не беше доведена во прашање. Луис де ла Фуенте може да биде задоволен: Шпанија останува максимална со 6 победи и без примен гол.

Португалија 1–0 Република Ирска

Тешка вечер во Лисабон, но крајот беше навистина драматичен. Рубен Невеш со погодок во 91-та минута ги спаси “селесао” и им донесе златни три бода против тврдата Ирска. Тоа беше прв погодок за Невеш за репрезентацијата и емотивен момент кој го посвети на својот најдобар другар, Диого Жота, кој прерано почина во сообраќајна несреќа ова лето.

Кристијано Роналдо претходно пропушти пенал, а голманот Келехер беше јунак на гостите сè до самиот финиш, кога Невеш по центаршутот на Тринкао со глава ја погоди мрежата. Португалија останува со совршен биланс и максимални бодови во групата.

Норвешка 5–0 Израел

Ерлинг Халанд е во своја сопствена лига. По промашениот пенал во раната фаза, кој го утна дури два пати, напаѓачот на Манчестер Сити постигна хет-трик, кој е дури шестти во квалификациите и свој шестти за Норвешка и дури 27 во неговата кариера, со што го однесе тимот до нова убедлива победа.

Норвешка има 6 победи од 6 натпревари и со гол-разлика од соништата (23:2) изгледа незапирливо на патот кон САД, Канада и Мексико.

Најдобро од останатото:

Италија славеше во Талин против Естонија со 1–3 со голови на Кин, Ретеги и Еспозито.

Арда Ѓулер повторно блескаше со гол и две асистенции во убедливата победа на Турција над Бугарија (1–6).

Албанија приреди изненадување во Србија со триумф од 0–1, по што селекторот Драган Стојковиќ – Пикси ја понуди својата оставка.

Латвија и Андора одиграа возбудливо реми (2–2), додека Унгарија без проблем ја совлада Ерменија со 2–0.

Недела, 8 натпреварувачки ден

Холандија и Данска продолжија со одличните настапи во квалификациите за Светското првенство 2026, додека Фарските Острови приредија вистинска сензација совладувајќи ја Чешка на домашен терен.

Холандија 4–0 Финска

Холандија го потврдија лидерското место на “торпедирањето” во Групата Г. Дониел Мален го отвори резултатот уште во осмата минута по брза комбинација со Мемфис Депај, а само девет минути подоцна Вирџил ван Дајк со глава зголеми на 2–0.

Депај погоди и од пенал во 38-та минута, додека Коди Гакпо со силен удар од работ на шеснаесеттникот ја заокружи убедливата победа на Холандија. Депај кој досега веќе беше најдобар стрелец во историјата на холандската репрезентација, вчера се искачи и на врвот по бројот на асистенции.

Данска 3–1 Грција

Данците со клиничка изведба останаа на врвот на Групата Ц. Расмус Хојлунд го искористи лошиот повратен пас за да го отвори резултатот, а потоа следуваа два брзи гола пред полувремето – Јоаким Андерсен со глава по корнер и Микел Дамсгард со прецизен удар од дистанца.

Иако Христос Цолис намали за Грција во 61-та минута, тимот на Брајан Ример рутински го приведе мечот до крај и остана лидер пред последните квалификациски натпревари во ноември.

Шкотска 2–1 Белорусија

Шкотите повторно мораа да се помачат за трите бода. Че Адамс донесе предност уште во 15-та минута со прецизен удар, а Скот Мектоминеј во 84-та минута зголеми на 2–0 по асистенција на Енди Робертсон. Белорусија намали во судиското продолжение, но до израмнување не стигна.

Шкотска останува израмнета по бодови со Данска на врвот на групата.

Најдобро од останатото:

Фарските Острови запишаа историска победа со резултат од 2–1 над Чешка во Торсхавн, со гол на Мартин Агнарсон во самата завршница (81-та минута).

Хрватска го искористи тоа и сега има три бода предност на врвот на Групата Л по рутинската победа над Гибралтар (3–0), со што Хрватите се сега само на чекор до Мундијалот.

Романија го прекина совршениот учинок на Австрија со гол во последните секунди за 1–0 триумф во Букурешт.

Полска славеше со 2–0 против Литванија – Себастијан Шимански постигна гол директно од корнер, а Роберт Левандовски го потврди резултатот.

Следни натпревари (понеделник, 20:45 ч.)

Група А: Северна Ирска – Германија, Словачка – Луксембург
Група Б: Шведска – Косово, Словенија – Швајцарија
Група Д: Исланд – Франција, Украина – Азербејџан
Група Ј: Македонија – Казахстан, Велс – Белгија

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено