Гана е најновата афричка репрезентација што го обезбеди своето место на Светското првенство 2026, откако со минимални 1–0 ги совлада Коморските Острови и го задржа првото место во Групата И.
Гана 1–0 Комори
Стрелец: Кудус (47’)
Фудбалската еуфорија повторно гори во Акра. По тешки години и пропуштени шанси, Гана се враќа на големата сцена. Тимот на Ото Адо ја заврши квалификациската мисија со стил, со победа што вреди билет за Светското првенство во САД, Канада и Мексико.
Првото полувреме помина во целосна доминација на “црните ѕвезди”, иако Коморите први се заканија преку Јусуф, чиј удар со глава замина крај стативата. Но во 47-та минута, Мохамед Кудус конечно ја разби одбраната со прецизен завршен удар по центаршут од десната страна.
До крајот Гана мирно го контролираше натпреварот и на крајот започна прославувањето на трибините за петтото по ред учество на Светското првенство.
View this post on Instagram
Од разочарување до воскресение
Помалку од две години по шокантниот неуспех и непласманот на Африканскиот куп на нации 2025, селекторот Ото Адо одби да се предаде. Наместо оставка, понуди борба и успеа. Со нов стручен штаб и јасна визија, Гана освои 25 бода во 10 натпревари и го остави Мадагаскар зад себе во групата.
“Не сум човек што се откажува”, рече Адо кога беше најтешко. “Ако тоа го направев, никогаш немаше да станам ни играч, ни тренер”. И потоа го оправда секој збор. Под негово водство, тимот пронајде баланс меѓу младоста и искуството, а Џордан Ају со седум голови беше клучен во нападот.
Гана на Мундијалите
Светското првенство 2026 ќе биде петто за Гана (2006, 2010, 2014, 2022, 2026).
Најдобриот резултат останува легендарното четвртфинале во Јужна Африка 2010, кога Асамоа Гјан и тимот беа на чекор до полуфинале.
Сега, новата генерација предводена од Кудус и Ају сонува да оди чекор подалеку и да ја врати магијата на “црните ѕвезди” на најголемата фудбалска сцена во светот.
🇬🇭 Ghana have qualified for #FIFAWorldCup 26!#WeAre26 pic.twitter.com/VwZc0EqKlB
— FIFA World Cup (@FIFAWorldCup) October 12, 2025