Македонскиот репрезентативец и неодамнешниот капитен на Динамо Загреб, Аријан Адеми и официјално е претставен како новиот играч на унгарскиот клуб Ујпешт.
Деновиве се шпекулираше дали Адеми ќе остане во Загреб, каде е миленик на јавноста и најтрофејниот играч во клупската историја со освоени 24 трофеи.

Како што пишуваат хрватските медиуми, тој не прифатил помала улога во клубот и утрото го раскинал договорот со Динамо, а веќе вечерта беше претставен како нов играч на Ујпешт.
Претходно, македонскиот репрезентативец беше поврзуван со клубовите како Марибор од Словенија, па дури и се спомнуваа понуди за арапските клубови, но сепак на крајот тој се одлучи следна дестинација во кариерата да му биде Унгарија.
Погледнете го видеото од најавата во новиот клуб на Асот Адеми.



