Адидас со моќен дизајн за Хрватска: Глаголицата го краси новиот дрес на „Огнените“

 

Објавено:

Фудбалската репрезентација на Хрватска е пред историска промена. По цели 26 години верност кон американскиот бренд Најк (Nike), „Огнените“ започнуваат нова ера во соработка со германскиот спортски гигант Адидас (Adidas).

Договорот со Најк официјално истекува на 31 јули 2026 година, што значи дека на претстојното Светско првенство хрватските фудбалери за последен пат ќе настапат во дресови со познатото „свуш“ лого. Веднаш по Мундијалот, Хрватска ќе го облече новиот дизајн на Адидас.

Први фотографии од новиот дизајн на Адидас

Footy Headlines, ги објави првите ексклузивни фотографии од новиот домашен дрес на Хрватска за сезоната 2026/2027. Како што се очекуваше, Адидас го задржа култниот дизајн со црвено-бели коцки кој е препознатлив белег на Хрватска низ целиот свет.

Сепак, германскиот бренд внесе длабока културна нота во новиот дизајн. Во внатрешноста на црвените коцки суптилно е интегрирана глаголицата, најстарото познато словенско писмо создадено во 9-от век, кое претставува важен симбол на хрватската историја, национална гордост и културно наследство. Секако, ова писмо има длабоко и посебно значење и за нашата Македонија, бидејќи токму преку Охридската книжевна школа и просветителската дејност на Свети Климент Охридски, глаголицата се зачувала, се ширела и ја поставила основата на словенската писменост.

Овој историски детал го прави дресот уникатен, додека јаката и рабовите на ракавите се бели, украсени со црвени и сини линии кои ја симболизираат хрватската државност и боите на знамето.

Најки остава богато наследство

Со заминувањето на Најк се затвора едно големо поглавје. Американскиот бренд ги облекуваше Хрватите од 2000 година, наследувајќи го Лото (Lotto) кој го дизајнираше култниот дрес со „набрани“ коцки во кој генерацијата на Шукер, Бобан и Просинечки го освои историското трето место на Мундијалот во 1998 година во Франција.

Под логото на Најки, Хрватска ги доживеа своите најголеми фудбалски успеси во поновата историја. Сите ќе го паметиме дресот со поголеми коцки од Светското првенство во Русија 2018 година, каде Модриќ и компанија стигнаа до финалето, како и елегантниот дизајн од Мундијалот во Катар 2022 година кога го освоија бронзениот медал.

Првичните реакции за новиот дизајн на Адидас се повеќе од позитивни. Со вметнувањето на глаголицата, се чини дека Адидас веќе ги освои симпатиите на хрватските навивачи, најавувајќи успешна соработка во годините кои следат.


Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено