АФКОН: АФК отвори истрага за хаосот по мечевите Нигерија:Алжир и Мароко:Камерун!

Објавено:

Хаосот на Африканскиот куп на нации (АФКОН) добива правна разрешница. По жестоките сцени и физичките пресметки по завршувањето на четвртфиналните мечеви, Африканската фудбалска конфедерација (CAF) официјално отвори истрага за „неприфатливо однесување“. CAF денеска потврди дека ги собира сите извештаи и видео докази за „неприфатливото однесување“ на играчите и официјалните лица по двата клучни четвртфинални натпревари.

Опсада на судијата во Маракеш

Најжестоко беше по победата на Нигерија над Алжир (2-0). Веднаш по последниот свиреж, фудбалерите на Алжир, револтирани од судењето на Иса Си, го опколија судискиот тим и го следеа до самиот тунел со агресивни гестикулации.

Алжирската фудбалска федерација веќе поднесе официјална поплака до CAF и FIFA, тврдејќи дека судиските одлуки „го поткопуваат кредибилитетот на африканскиот фудбал“.

„Подароци“ за домаќинот Мароко?

Тензии имаше и на мечот Мароко – Камерун (2-0). Камерунците се гневни бидејќи не им беше досуден чист пенал по стартот врз Мбеумо, додека Адам Масина помина неказнето по очигледен удар со лакт.

Додека тренерот на Камерун, Давид Пагу, беше воздржан во изјавите, мароканскиот селектор Валид Реграги остро одговори на обвинувањата:

„Луѓето се обидуваат да шират гласини дека добиваме некакви фаворитски услуги од судиите, но тоа е далеку од вистината“.

Хаос и во „микс-зоната“

Покрај тепачките меѓу играчите, CAF истражува и недолично однесување на претставниците на медиумите во просториите за изјави. Дисциплинската комисија најави строги санкции за сите инволвирани.

Овој скандал доаѓа во најлош можен момент, бидејќи в среда не очекува големото полуфинале меѓу Мароко и Нигерија – дуел кој веќе е прогласен за натпревар со „висок ризик“. Победникот од овој меч ќе се соочи со подобриот од Египет и Сенегал во големото финале.

Следете нè: Facebook | Instagram | X

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

Тазе објавено