АФКОН: Мозамбик слави историска победа, Марез го носи Алжир во 1/8 финале

Објавено:

Седмиот натпреварувачки ден на АФКОН во Мароко донесе историски моменти, потврдени фаворити и драми до последен здив.

Мозамбик испиша историја: Прва победа по четири децении!

Во натпревар полн со голови во Агидир, Мозамбик го победи Габон со 3-2, забележувајќи ја својата прва победа на Африканскиот куп на нации по 16 неуспешни обиди. Херој на „Мамбите“ беше Жени Катамо, кој запиша гол од пенал и асистенција. Габон, предводен од ветеранот Пјер-Емерик Обамејанг (кој исто така постигна гол), доцна се разбуди и сега се соочува со елиминација.

Алжир перфектен: Марез за осминафинале

Алжир е веќе во нокаут фазата по минималната победа над Буркина Фасо со 1-0. Единствениот погодок го постигна капитенот Ријад Марез од пенал во 23-тата минута. „Пустинските лисици“ одиграа тактички зрело, иако Буркина Фасо притискаше во финишот.

Судан со среќен автогол до надеж

Во „замрзнатата“ Казабланка, Судан стигна до витална победа од 1-0 над Екваторијална Гвинеја благодарение на автоголот на Саул Коко во 74-тата минута. Ова е прва победа за Судан на АФКОН од 2012 година, која ги враќа целосно во игра за учество во елиминационата фаза.

Драма во Маракеш: Брегот и Камерун ремизираа

Во дербито на денот, Брегот на Слоновата Коска и Камерун одиграа без победник, 1-1. Амад Диало донесе предност за „Слоновите“, но Јуниор Чамадеу брзо израмни за Камерун. Двете селекции остануваат на врвот во групата Ф со по 4 бода.


Следете нè: Facebook | Instagram | X

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено