АФКОН: Шампионот „воскресна“ од 0-2, Алжир е машина, познати сите патници во осминафиналето!

Објавено:

Групната фаза на Африканскиот Куп на Нации (АФКОН) во Мароко заврши со спектакуларна вечер исполнета со пресврти, голови во судиското продолжение и потврда на доминацијата на фаворитите. Брегот на Слонова Коска и Камерун приредија вистински трилери во Групата Ф, додека Алжир ја комплетираше „перфектната“ мисија во Групата Е.

Еве што се случуваше на последниот ден од првата фаза.

Група Ф: Шампионски карактер на „Слоновите“

Бранителот на титулата, Брегот на Слонова Коска, покажа зошто е шампион на континентот. Во Маракеш, „Слоновите“ беа во нокдаун откако Габон поведе со 2-0 преку Гелор Канга (11′) и Денис Буанга (21′). Се чинеше дека се спрема сензација.

Сепак, шампионот се разбуди пред полувремето преку Жан-Филип Красо. Во вториот дел следеше целосна опсада, која резултираше со израмнување преку Еван Гесан (84′), за во 91-вата минута, Базумана Туре со глава да донесе победа од 3-2 и прво место во групата.

Во исто време, Камерун исто така мораше да прави пресврт против Мозамбик. Откако губеа со 1-0, „Нескротливите Лавови“ победија со 2-1 благодарение на автоголот на Нене и победничкиот погодок на Кристијан Кофане.

Група Е: Алжирска доминација

Во Групата Е немаше дилеми. Алжир ја декласираше Екваторијална Гвинеја со 3-1 и ја заврши групата со максимални 9 бода. Зинедин Белаид, Фарес Шаиби и Ибрахим Маза ја завршија работата уште во првото полувреме. Почесниот гол за противникот го даде ветеранот Емилио Нсуе.

Во директната битка за второто место, Буркина Фасо го победи Судан со 2-0 со головите на Ласина Траоре и Арсен Куаси. Судан пропушти пенал во првото полувреме, но сепак патува понатаму како една од најдобрите третопласирани селекции.

Комплетни двојки за Осминафиналето

Со ова се комплетираше костурот за нокаут фазата. Еве ги сите парови:

Извор: https://www.cafonline.com/

Следете нè: Facebook | Instagram | X

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено