4.8 C
Skopje

Аларм од ѕвездата на Челси: “Ова е опасно, ФИФА мора да го смени распоредот!”

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Во пресрет на големото финале на Светското клупско првенство помеѓу Челси и ПСЖ, аргентинскиот репрезентативец и ѕвезда на Челси, Енцо Фернандез, упати јавен апел и сериозно предупредување до ФИФА во врска со екстремните услови за игра во САД.

Турнирот, кој се смета за генерална проба за Светското првенство во 2026 година, е одбележан со огромен број поплаки од играчи и тренери поради пеколните горештини и високата влажност. Натпревари се играат на температури кои надминуваат 35 степени целзиусови, што директно влијае на здравјето на играчите.

Најгласен во критиките беше токму Енцо, кој откри дека и самиот имал сериозни проблеми.

“Искрено, жештината е неверојатна”, изјави тој во интервјуто кое го пренесуваме во продолжение. “Пред некој ден, малку ми се заврте во текот на една акција. Морав да легнам на земја бидејќи бев навистина омалаксан. Да се игра на ваква температура е многу опасно.”

Фернандез, светскиот шампион со Аргентина, додаде дека ваквите услови го уништуваат и спектаклот за гледачите, бидејќи “брзината на играта не е иста, сè станува многу бавно”. Тој ја повика ФИФА “да го смени распоредот” за Мундијалот во 2026 година, за да се заштити фудбалот.

Неговите грижи се потврдени и од глобалниот синдикат на фудбалери, ФИФПРО, кој објави податоци дека неколку натпревари требало да бидат одложени поради надминување на безбедносните граници за горештина. Дури и Арсен Венгер, кој сега е шеф за глобален развој во ФИФА, призна дека “жештината беше проблем” и најави дека за Светското првенство се размислува за користење на покриени стадиони во градовите каде што температурите се највисоки.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено