10.8 C
Skopje

Алберт Риера го “отклучи” Франко Ковачевиќ: Хрватскиот „ѕвер“ со 22 гола е мета на Фиорентина!

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Во европскиот фудбал, во моментов, ретко кој напаѓач е во подобра форма од Франко Ковачевиќ. 26-годишниот хрватски напаѓач игра во животна форма во дресот на словенечкиот Цеље, а неговите бројки се апсолутно неверојатни, 22 гола оваа сезона, уште пред крајот на октомври!

Оваа “експлозија” на Ковачевиќ, секако, не помина незабележано. Според последните информации, гигантите од Серија А и Ла Лига, Фиорентина и Селта Виго, веќе сериозно ја следат ситуацијата и подготвуваат понуди за јануарскиот преоден рок.

Како Алберт Риера го “отклучи” потенцијалот на Хрватот?

До оваа сезона, Ковачевиќ важеше за солиден, но не и спектакуларен напаѓач, со просечни сезони во Хофенхајм II, Пафос, Домжале, па дури и во Јужна Кореја. Но, со доаѓањето на шпанскиот стратег Алберт Риера (поранешниот тренер на Олимпија Љубљана) на клупата на Цеље, се случи целосна трансформација.

“Риера го отклучи неговиот потенцијал. Тој игра со слобода, верба и зрелост, а тоа се гледа во неговите бројки”, изјавил извор близок до играчот за словенечките медиуми.

А бројките се импресивни: Ковачевиќ е најдобар стрелец во словенечката Прва лига со 10 гола, но уште поважно, тој е и прв стрелец во УЕФА Конференциската лига со 5 погодоци. Целје, пак, под водство на Риера, доминира во Словенија и по 12 кола нема пораз (10 победи, 2 ремија).

Фиорентина веќе го “сними”, вредноста му рипна десеткратно

Интересот на Фиорентина не е случаен. “Виолетовите” веќе играа против Целје во групната фаза од Конференциската лига оваа година и одблиску ја видоа моќта на Ковачевиќ. Иако неговата вредност на “Transfermarkt” сè уште е проценета на само 700.000 евра, јасно е дека таа бројка е далеку од реалноста.

Претседателот на Цеље, Валериј Колотило, свесен дека во рацете држи “златна кокошка”, сигурно дека ќе бара повеќекратно поголема сума. Покрај Фиорентина и Селта, во трка се и Спарта Прага и неколку други клубови.

Со ваквите игри, хрватските медиуми шпекулираат дека наскоро би можел да добие и повик од селекторот Златко Далиќ. Едно е сигурно: името Франко Ковачевиќ ќе биде едно од најжешките во јануарскиот преоден рок.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено