Албон ќе вози со кацига на која се нацртани фановите

 

Објавено:

Возачот на Вилијамс, Алекс Албон, на претстојната трка во Силверстоун ќе вози со специјално дизајнирана кацига. И додека повеќето возачи за специјални дизајни истакнуваат некои свои лични моменти, Албон реши да го посвети дизајнот на своите фанови.

Дизајнот вклучува 23 негови фанови замислени како цртани ликови, а нивното име е испишано на капчињата.

“Оваа е за вас, фановите. Во случај да не ви кажувам доволно, ви благодарам!”, напиша Алекс Албон покрај објавата со фотографиите од дизајнот.

Дизајнот е дело на дизајнерот на кациги Енди Вернер, тајванскиот илустратор Беа7 и Масимо Данте.

Извор: Извор: https://x.com/alex_albon
Извор: https://x.com/alex_albon
Извор: https://x.com/alex_albon
Извор: Извор: https://x.com/alex_albon
 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено