Карлос Алкараз не планира да запре, па денес дојде до 80 победа на Гренд Слем турнирите и 20-та победа на УС Опен.
Тој во третата рунда го совлада Италијанецот Лучијано Дардери со 3:0, односно 6-2, 6-4, 6-0 во сетови.
За Шпанецот ова е уште една победа на Отвореното првенство во Њујорк без да изгуби ниту еден сет, со што јасно покажа дека претендира да стигне до финалето.
Карлос сега во наредната рунда ќе се сретне со Артур Риндеркнеч, кој денес го совлада сонародниот Бенџамин Бонзи со 3:1. Откако го изгуби првиот сет со 6-4, тој во наредните три сетови победи со 6-2, 6-3, 6-2.
20 US Open wins.
80 Grand Slam wins.Carlos Alcaraz continues to soar to dizzying heights 💯 pic.twitter.com/m6UCDe1rri
— US Open Tennis (@usopen) August 29, 2025



