Алкараз е во четвртфинале! „Магија“ на теренот и средба со легендата Лејвер

Објавено:

Карлос Алкараз продолжува сигурно кон својата прва титула во Мелбурн. Првиот светски рекет го завери своето трето последователно четвртфинале на Австралија Опен, откако во три сета го совлада незгодниот Американец Томи Пол со 7-6(6), 6-4, 7-5. Но, овој натпревар беше вистинско шоу кое траеше речиси три часа.

Благослов од легендата и челични нерви

Пред почетокот на мечот, Алкараз имаше блиска средба со легендарниот Род Лејвер. Човекот чие име го носи главната арена му даде поддршка на младиот Шпанец, што очигледно беше дополнителен мотив за Карлитос. Иако Томи Пол започна фуриозно и веднаш направи брејк (Американецот немаше загубен сервис гем во првите три кола), Алкараз покажа зошто е на врвот – остана смирен, го врати брејкот и во маратонски тај-брејк го скрши отпорот на противникот.

Интересно е што при еден важен поен во тај-брејкот, Алкараз беше толку опуштен што среде поен ја тргна раката од рекетот за да ја дувне и да ја олади од потта, пред ладнокрвно да го заврши ударот.

Карлос, ожени се за ќерка ми!

Публиката во Мелбурн уште еднаш покажа дека е заљубена во харизмата на Шпанецот. За време на натпреварот, Алкараз доби дури три брачни понуди во рок од десет секунди! Прво еден навивач извика: „Карлос, ожени се за ќерка ми“, веднаш потоа друг додаде: „Ожени се за снаа ми“, за на крајот трет едноставно да порача: „Карлос, ожени се за мене“. Шпанецот со насмевка ги прифати шегите и продолжи со својата доминација на теренот.

Патот до „Кариерен Грен слем“ продолжува

Томи Пол се обиде да го смени ритамот и да игра поагресивно, но Алкараз ги контролираше сите долги размени од основната линија. Со овој триумф, Карлитос останува во трка за единствениот Грен слем трофеј што му недостасува во колекцијата.

Во четвртфиналето, Алкараз го чека подобриот од дуелот помеѓу миленикот на домашната публика Алекс де Минор и непредвидливиот Александар Бублик. Ако продолжи со ова ниво на тенис, патот до финалето изгледа сосема отворен.

Следете нè: Facebook | Instagram | X

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

Тазе објавено