Алкараз експресно до полуфиналето на Вимблдон

 

Објавено:

Карлос Алкараз денес го играше можеби својот најдобар меч на елитниот турнир, против Британецот Камерон Нори за резултат од 3:0.

Младиот Шпанец имаше шанса да го заврши мечот во рекордно време од час и половина, но Нори реши да ужива во секој освоен поен и да му пружа последен отпор во последниот сет.

“Многу сум среќен што ќе играм тука уште едно полуфинале. Тоа е нешто специјално за мене. Го подигнав нивото на мојата игра од претходната недела. Нори е одличен тенисер и одличен дечко, се бори за секој поен и игра многу добро, па сум навистина среќен што против него успеав да одиграм ваков меч”, изјави Карлос после натпреварот, кому ова му е 19 последователна победа на Вимблдон.

Конечниот резултат на натпреварот беше 6-2, 6-3, 6-3 во сетови, а Алкараз буквално како да претрча низ четвртфиналето, во трката за одбрана на ланската титула. Ако се земе в предвид дека младиот Шпанец има само 22 години, ова изгледа само како старт на неговата долгорочна блескава кариера.

Алкараз ќе игра во полуфиналето против Американецот Тејлор Фриц, кој денес го совлада Карен Качанов со 6-3, 6-4, 1-6, 7(7)-6(4) во сетови. Фриц претходно има изгубено два пати во меѓусебните дуели со Алкараз.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено