Најдобрите двајца тенисери во светот во овој момент, Јаник Синер и Карлос Алкараз, ја подгреаја имагинацијата на фановите со најавата дека наскоро би можеле да ги здружат силите и да настапат заедно во двојки. Иако нивното ривалство веќе се споредува со она на Федерер и Надал, двајцата млади шампиони покажаа дека имаат одличен однос и надвор од теренот.
Пред нивниот егзибициски меч во Јужна Кореја (10 јануари), на прес-конференцијата беше поставено прашањето кое сите сакаа да го слушнат: Дали е возможен „супер-тим“ Алкараз-Синер?
„Зошто да не? Можеби оваа година“
Италијанецот Синер, кој моментално е светски рекет број еден, прв ја прифати идејата со голема доза на ентузијазам.
„Мислам дека би било забавно да го споделиме теренот на поинаков начин, барем еднаш. Можеби оваа или следната година, зошто да не? Може да се случи, можеби ќе биде некое изненадување“, изјави Синер со насмевка.
Алкараз веднаш се надоврза, веќе поделувајќи ги улогите на теренот: „Сме размислувале за тоа еднаш или двапати. Тешко е поради напорниот распоред во сингл, но би било убаво да го направиме тоа барем еднаш. Јас би играл на форхенд, а тој на бекенд, ако мојот партнер се согласува“, додаде Шпанецот покажувајќи кон Јаник.
Sinner & Alcaraz want to play doubles together once
— The Tennis Letter (@TheTennisLetter) January 9, 2026
Carlos: "At least once would be fun. I think I'd play forehand & he'd play backhand”
Jannik: "I agree on that. We've never talked about this. It would be fun at least one time" ❤️
(h/t @sinnervideos)
pic.twitter.com/Mj2YBfAh1g
Доминација која ветува спектакл
Во последните две години, овие двајца тенисери целосно доминираат во машкиот тенис, поделувајќи ги меѓу себе сите осум Грен слем титули. Нивното партнерство во двојки би било најголемиот тениски настан по повлекувањето на „големата тројка“, а најавата дека тоа може да се случи уште во 2026 година веќе предизвика еуфорија кај организаторите на големите турнири.
Иако нивниот фокус останува на индивидуалните кариери и битката за првото место на АТП листата, вратата за „двојката од соништата“ е официјално отворена.
Следете нè: Facebook | Instagram | X



