Со вчерашните два четврт-финални натпревари на турнирот во Синсинати, се комплетираше и втората полуфинална двојка.
Карлос Алкараз успеа во тежок меч да го совлада Андреј Рублев со 2:1, или 6-3, 4-6, 7-5 во сетови. Алкараз оваа сезона е во трка со Јаник Синер за освојување на првото место на АТП листата, а како што стојат работите, тие ќе се сретнат во уште едно финале.
Но, Шпанецот прво ќе мора во полуфиналето да го помине третопласираниот светски тенисер, Александер Зверев, кој во четврт-финалето лесно го совлада Американецот Бен Шелтон со резултат 6-2, 6-2 во сетови.

Ако успее да дојде до финалето, ова ќе биде втор пат во последниве три години за Алкараз, после поразот во историскиот меч кој го одигра таму со Новак Ѓоковиќ во 2023 година.
Од друга страна, за Зверев ова ќе биде четврто финале во Синсинати доколку успее да го помине Алкараз. Останува да видиме кој ќе успее да стигне овој пат до финалето, каде ќе се сретне со победникот од мечот помеѓу Јаник Синер и изненадувањето оваа година – Теренс Атман.



