Младиот Шпанец продолжува да ги реди своите успеси во походот кон новата титула на Вимблдон, па денес Алкараз во второто коло без проблем го совлада противникот Тарвет од Велика Британија.
Алкараз успеа со 3:0, или 6-1, 6-, 6-4 да победи во вториот меч, откако во првото коло се помачи малку со Фабио Фоњини во трилер меч од 5 сетови.
После натпреварот тој изјави: “Само се трудам да одам напред и да уживам во тоа. Самото играње на овие терени е како подарок за мене. Се трудам да дадам сè од себе да одам напред”.
Инаку, Карлос Алкараз е бранителот на титулата, откако минатата година го победи Новак Ѓоковиќ во финалето.
Alcaraz 3R
The defending champion defeats Britain's Oliver Tarvet, 6-1, 6-4, 6-4#Wimbledon pic.twitter.com/T3ETEnMeIl
— Wimbledon (@Wimbledon) July 2, 2025



