Алкараз ќе ја брани титулата, го победи Фриц во возбудлив меч!

 

Објавено:

Карлос Алкараз ќе има можност да ја одбрани ланската титула и по трет пат да стане шампион на Вимблдон, откако денес во полуфиналето го совлада Тејлор Фриц со 6-4, 7-5, 6-3, 7(8)-6(6) во сетови.

Американецот пружа одлична борба, но сепак не успеа да дојде до победата. Ова беше еден вистински меч на тревна подлога, каде сервисите играа огромна улога.

“Навистина тежок меч, секогаш е тешко кога играм против Тејлор. Денес имаше тешки услови, но добро се носев со нервите и многу сум среќен што спасив две сет топки. Горд сум дека останав смирен во тие важни моменти. Многу сум задоволен од мојата игра денес”, изјави Карлос Алкараз.

Извор: https://x.com/Wimbledon

“Секогаш се трудам да уживам на теренот кога играм и тоа е сè на кое размислувам, но сега за сега не размислувам на финалето”, додаде Шпанецот.

Алкараз ќе се обиде да постигне хет-трик во победи на Вимблдон, нешто што им има успеано само на уште четворица во историјата.

На прашањето кој противник од следниот дуел би го одбрал, тој изјави дека ќе го гледа натпреварот и ќе го анализира, но дека не знае со кој би било полесно да игра во финалето.

Во следното полуфинале нè очекува уште еден возбудлив меч меѓу Јаник Синер и Новак Ѓоковиќ, после кој ќе го дознаеме противникот на Алкараз во финалето.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено