По вчерашната трка во Унгарија, ветеранот во Формула 1 Фернандо Алонсо, не го криеше своето воодушевување од Бразилецот Габриел Бортолето, кому воедно му е и менаџер.
“Ако беше Англичанец и завршеше шести во Саубер, тогаш сите медиуми ќе пишуваа за него утре. Она што го прави е неверојатно”, изјави Алонсо.
Тој го нарече Бортолето и “најдобар дебитант од својата генерација”, а исклучителното возење на Бразилецот во можеби најслабиот болид на патеката, му ги донесе и гласовите од гледачите за “Возач на денот”.
“Тој прави по некоја грешка, секогаш ставајќи си притисок. Но, тој е најдобар дебитант на својата генерација”, им рече Фернандо на новинарите.

Бортолето, кој имаше тежок старт на својата прва сезона во највисокото Формула натпреварување, полека но сигурно почна да го покажува својот врвен талент со кој се прослави и стана шампион во Формула 2 минатата година.
“На почетокот се однесував како преголем дебитант, но тоа е нормално и напредувате како што поминува сезоната. Учам навистина многу. Денес имавме одлична трка, тимот ми даде супер болид за возење, стратегијата беше одлична, едноставно сè беше на свое место”, изјави Бортолето после трката за “SkySports”.
Формула 1 сега ќе оди на летната пауза, а следна трка на календарот е онаа во Холандија која ќе се вози на 31 август.
“He’s the best driver of this generation. If he were English or something and finished sixth in a Sauber, he’d be on every front page tomorrow. What he does is exceptional.”
– Fernando Alonso on Gabriel Bortoleto
— Aston Martin F1 updates (@startonpole) August 3, 2025



