Статистиката не му оди во прилог на португалскиот стратег Рубен Аморим, откако вчера на градското дерби неговиот тим Манчестер Јунајтед изгуби од ривалите Сити, со резултат од 3:0 на Етихад.
По голот на Фил Фоден на трибините можеше да се слушне како навивачите го извикуваат името на тренерот, но иако за момент изгледаше како гостинските навивачи да застануваат на страна на Аморим, сепак тоа беа навивачите на Сити кои го поздравуваа.
Аморим после поразот стави јасно до знаење дека не планира да ја промени својата тактика и фудбалска филозофија: “Кога ќе сакам да ја променам мојата филозофија, ќе го сторам тоа. Ако не, ќе мора да го смените човекот”.
Тој најверојатно е единствениот во моментов кој верува дека прави нешто како што треба, откако клубот го имаше најлошиот старт во Премиер лигата уште од сезоната 1992-93.
“Не е дека верува во тоа или во системот или во било што, но верувам во мојот начин на игра и ќе го играм сè додека не решам да се сменам”, додаде тој.
Сега, прашањето на сите е дали Аморим може да преживее уште еден пораз на чело на Јунајтед?
Ruben Amorim after Man Utd’s 3-0 defeat to Man City 🗣️ pic.twitter.com/ieXGSFcDZN
— Premier League (@premierleague) September 14, 2025



