12.8 C
Skopje

Аморим: “Пробувам да го направам она што е најдобро за клубот!”

Објавено:

Манчестер Јунајтед денес доживеа уште еден голем пораз во рамките на Премиер лигата, овој пат на гости кај Брентфорд. “Пчелите” победија со 3-1, во натпревар кој покажа уште едно бледо издание на тимот на Рубен Аморим.

Тренерот во моментот кога капитенот Бруно Фернандеш го промаши вториот пенал сезонава не сакаше ниту да гледа, а по последниот свиреж точно знаеше дека го чека уште една тешка прес конференција пред новинарите.

“Не сум тука само да ги заштитам играчите. Пробувам да го направам она што е најдобро за клубот. Не ја гледам поентата, бидејќи ги гледам момците како тренираат и чувствувам дека понекогаш во играта кога работите се тешки тие не се истите играчи, но тоа е притисокот на клубот”, изјави Аморим.

Во врска со судењето на натпреварот тој додаде: “Судијата ми кажа дека Брајан немаше контрола врз топката, но тој немаше контрола затоа што беше повлечен”.

Сепак, Мбеумо денес покажа најслабо издание досега и тоа против неговиот поранешен клуб од кој пристигна во Манчестер Јунајтед ова лето. Можеби најсветол момент за гостите беше првенецот на Словенецот Бенјамин Шешко, кој го даде и единствениот погодок за клубот на денешниот натпревар.

Погледнете ги и најинтересните моменти од денешниот меч меѓу Брентфорд и Манчестер Јунајтед.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено