(Анализа) Дигитроните „прегореа“: Како Македонија може да го донесе баражот во Скопје?

Објавено:

Рековме „без калкулации“, но кога влогот е Светско првенство, посилно е од нас. Атмосферата во нашата редакција, а веруваме и во цела Македонија, едноставно врие.

Додека нашите фудбалери се фокусирани на теренот во Кардиф, ние (и „статистичарите“ на социјалните мрежи) гледаме кон она што следува ПОСЛЕ вторник. Сите знаеме дека реми ни носи второ место, но што ако сакаме повеќе? Што ако сакаме полуфиналето од баражот да го играме пред 30.000 грла на Арената „Тодор Проески“?

Патот до „Шешир 2“: Потребна е победа и малку среќа!

За да бидеме домаќини во првиот бараж натпревар (полуфиналето), мора да се најдеме во Шешир 2 (Seed 2). Тоа би ни донело противник од Шешир 3 или 4 и предност на домашен терен.

Според последните проекции на Football Meets Data и анализите на навивачите, ова е „совршеното сценарио“ за Скопје да гори во март:

  1. 🇲🇰 Македонија да го победи Велс (Ова е основниот услов. Со реми остануваме втори, но веројатно паѓаме во Шешир 3 и играме на гости).
  2. 🇦🇹 Австрија да НЕ загуби од Босна (Босна не смее да победи).
  3. 🏴󠁧󠁢󠁥󠁮󠁧󠁿 Англија да ја победи Албанија (Ова би ѝ го расипало коефициентот на Албанија, која ни е директен ривал за ранкинг).
  4. 🇮🇸 Исланд да НЕ загуби од Украина (Украина ако победи, оди во Шешир 1, што може да направи поместувања кои не ни одговараат).

Ако се поклопат овие коцки, Македонија ќе ја прескокне Албанија на ФИФА ранг-листата и ќе обезбеди место меѓу носителите.

Гласот на народот: „Играме подобро на гости!“

Дискусијата меѓу фановите на една од најпознатите и најрелевантни македонски спортски Фејсбук страници е поделена. Додека едни сонуваат за домашен терен, други потсетуваат на една интересна реалност, оваа репрезентација често игра подобро кога е „отпишана“ на гостински терен.

„Полошо е мислам дома. Ние до сега покажавме подобри резултати на гости, Италија ја тепавме на гости, исто и Германија, многу нерешени со јаки екипи на страна (како Белгија). Дома е поголем притисок“, гласи еден од популарните коментари на страницата.

Други, пак, се фокусираат на пристапот и менталитетот, без разлика каде се игра:

„Ако играат ’ку***шак‘ како со Летонија, нека си легнат со време. Треба да се изгине за секоја топка“, предупредува друг навивач во истата дискусија.

Реалноста: Прво да скокнеме, па да речеме „оп“

И покрај математиките, факт е дека Унгарија испадна од трката (откако загуби од Ирска), што малку ја промени структурата на шеширите.

Сепак, сè започнува и завршува во Кардиф.

  • Победа: Второ место + Шанса за домашен бараж (Шешир 2).
  • Нерешено: Второ место + Бараж на гости (Шешир 3).
  • Пораз: Трето место + Бараж на гости против „аждер“ од типот на Италија (Шешир 4 преку Лига на Нации).

За повеќе детали околу „пеколното“ и „рајското“ сценарио, прочитајте ја нашата претходна детална анализа: Време е за математики: Што ѝ е потребно на Македонија за пласман на Светското првенство?

Резултат во КардифПласман во Шешир (Проекција)Домаќин или Гостин?Потенцијални Противници
ПОРАЗ
(3-то место во група)
ШЕШИР 4
(преку Лига на Нации)
Играме на ГОСТИИталија, Турција, Украина…
(Најтешки противници)
НЕРЕШЕНО
(2-ро место во група)
ШЕШИР 3
(Квалификации)
Играме на ГОСТИШкотска, Словачка, Чешка…
(Противници по мерка)
ПОБЕДА*
(+ другите резултати да се поклопат)
ШЕШИР 2
(Квалификации – Носител)
ИГРАМЕ ДОМА!
(Арена „Тодор Проески“)
Албанија, Исланд, БиХ…
(Голема шанса за финале)

*За “Најдоброто сценарио” покрај победа, потребни се и поволни резултати од конкурентите (Австрија, Исланд, Англија).


Следете нè: Facebook | Instagram | X

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено