Анализа: Реал го победи Интер, но „Бернабеу“ испрати свирежи

 

Објавено:

Почетокот на новата кампања во Лигата на шампионите за Реал Мадрид помина во знакот на трите бода, но и на гласното негодување од домашната публика. Избраниците на Жозе Мурињо славеа со 2-1 против Интер, благодарение на два рани подароци од италијанската одбрана, но играта на теренот беше далеку од шампионска.

Иако „Кралскиот клуб“ имаше предност од 2-0 по само 23 минути, Интер беше тимот кој доминираше, упати дури 21 удар кон голот и ги натера навивачите во Мадрид да ги исвиркаат сопствените ѕвезди.

Извор: https://x.com/OptaAnalyst

Мбапе во друштво на Раул и во поход кон „Златната топка“

Францускиот напаѓач Килијан Мбапе влезе во овој натпревар со голем мотив, откако викендов промаши пенал при поразот од Реал Бетис, а ден претходно беше потврден како еден од главните фаворити за „Златната топка“. Не му требаше многу време за да остави белег.

Во 14-та минута, по една лоша проценка и лошо додавање на поранешниот играч на Ливерпул, Куртис Џонс, Мбапе изврши пресинг врз Јан Бисек. Брахим Дијаз ја искористи грешката за да му асистира на Французинот. Ова беше 71-ви гол за Мбапе во Лигата на шампионите (во неговиот 99-ти настап), со што се израмни на петтото место на вечната листа со легендарниот Раул. Пред него остануваат само Роналдо, Меси, Левандовски и Бензема.

Бизарна грешка на Мартинез и капитенски потег на Валверде

Само девет минути подоцна, Реал Мадрид зголеми на 2-0 по една од најбизарните грешки кои некогаш ќе ги видите во елитното натпреварување. Повратната топка од Бенжаман Павар стигна до голманот на Интер, Хосеп Мартинез, кој под притисок се обиде да направи дриблинг. Капитенот на Реал, Федерико Валверде, не се откажа, му ја одзеде топката буквално од нозете и ја смести во празната мрежа.

Извор: Извор: https://x.com/OptaAnalyst

Експериментот со Трент и херојот Куртоа

И покрај водството, Реал Мадрид изгледаше загубено на теренот, со само 30% посед на топката во првото полувреме. Мурињо се соочуваше со големи кадровски проблеми во средниот ред (суспендирани Арда Ѓулер, Бернардо Силва и Едуардо Камавинга, додека Чуамени влезе дури во финишот), па реши да го проба Трент Александер-Арнолд како последен играч за врска во триото со Џуд Белингем и Валверде.

Експериментот не вроди со плод. Англичанецот изгледаше дезориентирано во дефанзивата, завршувајќи го мечот без ниту еден успешен старт или пресечена топка, по што беше исвиркан при неговата замена во 79-та минута (слична судбина доживеа и Винисиус Жуниор кој беше исвиркан и изваден во 88-та минута).

Интер доминираше, ја погоди пречката преку Џонс, а во игра влезе и Џон Стоунс. Надежта на гостите им ја врати Карлос Аугусто во 77-та минута по одличната асистенција на Лаутаро Мартинез. Доколку не беше брилијантниот Тибо Куртоа, кој на својот јубилеен 100-ти настап во ЛШ забележа седум клучни интервенции (вклучувајќи ги и одбраните против Лаутаро и Чалханоглу), Интер сигурно ќе си заминеше со бодови од Мадрид. Апсурдот да биде поголем, Куртоа е еден од ретките кои воопшто не добија номинација за „Златната топка“ оваа година.

Познато есенско сценарио

Ова е типичен натпревар за екипите на Жозе Мурињо, но и класичен есенски Реал Мадрид – лоша игра, слаба организација, но три бода на контото. Како што Мурињо нагласи пред мечот, најважен е резултатот, но останува да се види дали овој стил ќе биде доволен за вистински јуриш кон европската круна.

Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено