Анчелоти пресече: Бразил без Нејмар, дебитант од Премиер лигата е новиот адут!

 

Објавено:

Селекторот на Бразил, Карло Анчелоти, го објави списокот за мартовските пријателски средби, а на него го нема името на легендарниот Нејмар. Иако најдобриот стрелец во историјата на „селесао“ се врати на терените за Сантос, Анчелоти одлучи дека 34-годишната ѕвезда во моментов не е дел од неговите планови за Светското првенство 2026.

Извор: https://www.cbf.com.br/

Игор Тијаго е новиот херој на нацијата

На местото на старите ѕвезди доаѓаат нови имиња, а предводник на бранот е напаѓачот на Брентфорд, Игор Тијаго. 24-годишниот стрелец доминира во Премиер лигата оваа сезона со 18 голови и го доби својот прв повик во кариерата. Покрај него, дебитанти на списокот се и младиот Рајан од Борнмут, Габриел Сара од Галатасарај и дефанзивецот Лео Переира.

Нејмар: „Сакам на Мундијалот, но не одлучувам јас“

Нејмар, кој не заиграл за Бразил од октомври 2023 година поради тешката повреда на коленото, изјави дека неговата амбиција за настап на СП е сè уште жива, но го прифаќа изборот на селекторот. Во тимот се враќа и младиот Ендрик, кој моментално настапува како позајмен играч во Лион, додека Лукас Пакета остана надвор од комбинација.

Од друга страна пак, Анчелоти изјави дека „Нејмар може да оди на Светското првенство доколку биде 100% во форма“.

„Не го повикав Нејмар затоа што не е 100% подготвен, ни требаат играчи кои се во најдобрата форма. Нејмар мора да работи напорно, да игра, да покажува квалитет и добра физичка подготвеност“, изјави бразилскиот селектор.

Целосниот список на Бразил:

  • Голмани: Алисон, Бенто, Едерсон.
  • Одбрана: Алекс Сандро, Бремер, Данило, Даглас Сантос, Габриел Магаљаеш, Ибањез, Лео Переира, Маркињос, Весли.
  • Среден ред: Андреј Сантос, Касемиро, Данило (Ботафого), Фабињо, Габриел Сара.
  • Напад: Ендрик, Мартинели, Игор Тијаго, Луиз Енрике, Матеус Куња, Рафиња, Рајан, Винисиус Јр, Жоао Педро.

Бразил во овој прозорец ќе се соочи со Франција (26 март) и Хрватска (1 април), што ќе биде последен тест пред финалното составување на тимот за Мундијалот во јуни.


Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено