9.8 C
Skopje

Англичаните први во Европа се пласираа на Мундијалот!

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Англија се квалификуваа на Светското првенство во Канада, Мексико и САД, откако вечерва ја “торпедираа” Латвија со 5-0. Тие досега ги добија сите мечеви во овие квалификации, вклучувајќи го и натпреварот кога убедливо ја победија селекцијата на Србија.

Со денешната победа, тие станаа првата европска држава која го обезбеди своето учество, а иако се очекуваше Португалија да им се приклучи, сепак Собослаи со голот за Унгарија во последните минути ја расипа забавата во Лисабон.

Резултатот на денешниот меч за Англичаните го отвори Гордон во 26-та минута, а потоа следуваа два погодоци на Хари Кејн во 44-та и од пенал точката во 45+3 за одлични 3-0 на паузата.

Потоа им помогна малку и Латвиецот Тонишевс со автогол во 58-та минута, а Езе стави точка на натпреварот со погодокот во 86-та минута за конечните 5-0.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено