Анисимова е првата финалистка, Сабаленка елиминирана

Објавено:

Светската тенисерка број еден, Арина Сабаленка не успеа да се избори за финалето на овогодинешното издание на Вимблдон. Аманда Анисимова успеа да го добие тешкиот меч во кој се водеше голема борба.

Резултатот на крајот на мечот беше 2:1 за Анисимова, односно 6-4, 4-6, 6-4 во сетови. За Американката ова е прво финале на престижниот турнир и големо враќање на светската тениска сцена.

Таа во минатото отсуствуваше од терените поради повреда, а потоа во 2023 година се повлече од терените за да се фокусира на менталното здравје, така што финалето на Вимблдон е исклучително важно за нејзината кариера.

“Ова не ми изгледа реално во моментов. Ако ми кажеше некој дека ќе бидам во финалето на Вимблдон, немаше да му верувам. Да се биде финалистка е нешто неверојатно за мене”, изјави Аманда после мечот.

И не само што се пласираше во финалето, туку таа успеа во полуфиналниот меч да ја совлада можеби најтешката пречка на турнирот, силната Сабаленка која важеше за голем фаворит за освојување на титулата.

Во финалето Анисимова ќе се сретне со победничката од другиот финален меч кој е во тек, помеѓу Белинда Бенчиќ и Ига Швјонтек.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено