10.8 C
Skopje

Анисимова ја освои Кина и се искачи на третото место на ВТА

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Женскиот тенис бележи навистина интересна сезона, а добивме навистина разновидна листа на победнички на турнирите оваа година. Сега и Американката Аманда Анисимова се запиша на таа листа, откако го освои трофејот на Отвореното првенство во Кина.

Анисимова во финалето ја победи чешката тенисерка Линда Носкова со 2-1, односно 6-0, 2-6, 6-2 во сетови. Ова за неа е втора победа на ВТА 1000 турнир годинава, откако претходно го освои и турнирот во Доха, а беше финалистка и на УС Опен и Вимблдон.

Со одличниот настап сезонава, Анисимова се искачи на третото место на ВТА листата, па сега заостанува само зад Арина Сабаленка и Ига Швјонтек.

На турнирот во Пекинг се играа и женските натпревари во двојки, каде втора последователна годнина победи дуото Сара Ерани и Јасмин Паолини. Тие со тоа станаа првата двојка која успеала да ја одбрани титулата во Пекинг.

 

Извор: https://x.com/ChinaOpen

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено