Австрискиот фудбалер Марко Арнаутовиќ вчера го потпиша договорот со ФК Црвена Звезда, со што стана најплатениот играч во историјата на белградскиот клуб.
Откако официјално го потпиша договорот, тој беше пречекан од навивачите како вистинска ѕвезда, а многумина го сметаат за “домашен” поради српските корени на неговиот татко.

Арнаутовиќ пристигна во Звезда од Интер, со договор од 2,5 милиони евра по сезона, што е навистина редок трансфер на балканските простори.
Инаку, во емотивното видео кое го објави клубот, тој вели дека му ветил на покојниот Синиша Михајловиќ дека еден ден ќе заигра за Црвена Звезда.
Тој е веќе миленик на Маракана, а останува да видиме како ќе се докаже во новата сезона.
Za Sinišu! ❤️
🔴⚪️ #fkcz pic.twitter.com/q2O3Ez803R
— FK Crvena zvezda (@crvenazvezdafk) July 21, 2025
View this post on Instagram