Арне Слот: Ќе се справиме со ова како што би направил Жота

 

Објавено:

Тренерот на Ливерпул ќе мора да најде начин да ги подготви своите играчи за претстојната сезона, но покрај притисокот за бранење на титулата во Премиер лигата и високите амбиции за Лигата на шампионите, тие сега се соочуваат и со загубата на својот соиграч.

Во интервју за веб страната на клубот, Арне Слот сподели какви совети им дал на своите играчи во врска со новонастанатата ситуација во тимот.

“Во овој град е неверојатно кога победувате, но неверојатно е и како во моментите на трагедија се сплотуваат навивачите, па играчите не може да посакаат подобри навивачи за кои играат. Како играчи и тим, не може да имаме подобри навивачи од ова”, искрено одговори Слот за поддршката која ја имаа од своите навивачи во овој тежок период за клубот.

Извор: https://www.liverpoolfc.com/

Но, тој истакна дека не станува збор само за навивачите на Ливерпул, туку и за оние од Евертон, како и за сите надвор од градот, за целиот навивачите и фудбалерите од целиот свет.

“После ова уште повеќе ми значи што го претставувам овој клуб. Навистина значи ова многу за мене, за мојата сопруга. Многу е тешко да се пронајдат вистинските зборови во моментов. Што е во ред да се каже, да се направи? Дали ќе може да тренираме повторно? Да се смееме повторно? Дали може да се налутиме во одредени ситуации?”, вели Слот во интервјуто.

Пред него сега ќе има тешка задача да ги подготви психички своите играчи кои изгубија не само соиграч, туку и вистински другар на теренот и надвор од него. Но, тој Арне Слот вели дека им дал еден совет на своите соиграчи – Да се справат со оваа ситуација како што тоа би го направил Жота.

“Жота секогаш беше свој. Без разлика дали зборуваше со мене, со персоналот, со соиграчите… Па, да се обидеме и ние да бидеме свои. Ако ни се плаче, да плачеме. Ако сакаат да тренираат, нека тренираат. Ако не сакаат, нема да тренираат. Но, да бидат свои. Немојте да бидете различни од она што ви го кажуваат вашите емоции”, е советот на тренерот до неговиот тим.

“Она во кое наоѓам утеха е дека во последните месеци од неговиот живот тој стана вистински шампион во сè – шампион во животот со своето семејство, шампион со својата Португалија кога победи во Лигата на нации и шампион со нас кога ја освоивме Премиер лигата”, завршува тој.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено