Арпад Штербик си заминува од Веспрем – што следува за ракометниот великан?

 

Објавено:

Арпад Штербик, еден од најголемите ракометни голмани на сите времиња, човекот што го носеше Вардар до европскиот трон и пишуваше историја со секој тим каде што настапуваше, сега останува без клуб. Веспрем, еден од најбогатите ракометни проекти во Европа, денес официјално ја потврди разделбата со Штербик по седум години соработка.

Иако последниве пет години тој не беше на терен туку зад него, како тренер на голманите, влијанието на Штербик беше огромно. Во тој период Веспрем освои три унгарски првенства, четири купа и едно Светско клупско првенство. Но, сега клубот реши да тргне во нова насока. Нова ера, нови луѓе, а Штербик не е дел од таа слика.

“Сакаме да му се заблагодариме за сè што направи за нас, како играч и како тренер. Ќе остане дел од нашата историја”, стои во соопштението од Веспрем.

Извор:https://www.facebook.com/rkvardar

Минатата година Штербик го претрпе тежок период после здравствените проблеми. Но, големиот борец се врати. Не на теренот, туку покрај теренот, работејќи со новата генерација на голмани.

Иако нема официјална потврда, медиумите шпекулираат дека ова би можело да биде крајот на ракометната приказна за легендата од Сента. Пензија, нов предизвик или пауза – времето ќе покаже.

Штербик зад себе остава кариера која ретко кој може да ја повтори. Понесен од Југовиќ, преку Веспрем, Сиудад Реал, Атлетико Мадрид, Барселона, до Вардар – клубот каде што ја живееше својата ренесанса и ги освои срцата на македонските фанови. Во 2017 година стана дел од најголемиот успех во историјата на македонскиот ракомет, кога Вардар ја освои Лигата на шампионите.

Извор:https://www.facebook.com/rkvardar

По конфликт со Вујовиќ, Штербик ја смени и репрезентативната боја, па од Југославија премина да игра за Шпанија, каде што остана до крајот на својата интернационална кариера.

Револуцијата во Веспрем е во полн ек. Клубот се подготвува да создаде најмоќен состав во Европа, со милионски засилувања и големи имиња. Микаел Апелгрен и Родриго Коралес ќе бидат новата голманска двојка, а најавено е пристигнување и на Емил Нилсен – веројатно најдобриот голман на денешницата. Во пивот ќе делува Лукас Јоргенсен, а клубот веќе го доведе и Иван Мартиновиќ за над еден милион евра.

Во оваа реконструкција, Штербик и уште неколкумина ги загубија своите места. Заминаа и Палмарсон, Јенсен, Косоротов, Касадо, Ваилупау… Само Драган Пешмалбек останува како српски претставник во оваа нова армија на Веспрем.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено