2.8 C
Skopje

Арсенал го добива својот голгетер: Конечно договорен трансферот на Ѓокереш

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Виктор Ѓокереш е на чекор до трансфер во Арсенал. “Топчиите” и Спортинг Лисабон се пред финален договор за шведскиот напаѓач кој блесна минатата сезона со 54 гола во 52 натпревари. Веста дека сè е договорено меѓу двата клуба ја пренесоа и “The Athletic” и спортскиот трансфер новинар Фабрицио Романо.

Договорот изнесува 63.5 милиони евра плус 10 милиони евра бонуси, а двете страни веќе се усогласени за поголемиот дел од условите. Спорните детали околу бонусите се на пат да бидат надминати, а трансферот наскоро ќе биде официјализиран. Ѓокереш бил фокусиран само на Арсенал и не прифатил други понуди и покрај интересот од големи европски клубови.

Извор: https://x.com/FabrizioRomano

Агентот на Ѓокереш дури се откажал од својата провизија за трансферот да се случи, а напаѓачот има подготвен договор до јуни 2030.

Проблеми настанаа кога Ѓокереш не се појави на подготовките на Спортинг, за што доби закана со казна од претседателот Фредерико Варандаш, но јасно беше дека патот води кон Премиерлигата.

Арсенал го гледа Ѓокереш како долгорочен број 9, позиција која минатата сезона им создаваше сериозни проблеми поради повредите на Хаверц и Габриел Жезус. Тимот заврши втор на табелата, трет пат по ред, со 17 гола помалку од Ливерпул, што беше клучно во трката за титулата.

27-годишниот напаѓач дојде во Спортинг во 2023 година за 17 милиони евра од Ковентри, по што стана апсолутна сензација во португалското првенство, освојувајќи две титули и Куп на Португалија.

Овој трансфер е дел од активното лето на Арсенал под водство на новиот спортски директор Андреа Берта. Клубот веќе ги обезбеди Зубименди, Норгор, Кепа Аризабалага и Нони Мадуеке, а наскоро ќе им се приклучи и Кристијан Москера од Валенсија.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено