12.8 C
Skopje

Арсенал и официјално го најави доаѓањето на Нони Мадуеке

Објавено:

Еден од трансферите за кои најмногу се зборуваше изминатиов период, беше преминувањето на Нони Мадуеке од Челси во Арсенал. Сега, трансферот и офицјално е потврден од страна на двата клуба, а “топџиите” денес официјално го претставија својот нов играч.

“Досега интуицијата не ме излажала, па мислам дека ова ќе биде голем успех. Среќен сум што сум тука”, изјави Мадуеке за новиот клуб.

Извор: https://www.arsenal.com

Играчот ќе го носи дресот со број 20 во тимот на Микел Артета. Тренерот го изрази својот ентузијазам за Мадуеке, велејќи дека неговиот придонес ќе биде многу значаен за тимот.

Арсенал плати 52 милиони фунти за трансферот на Нони Мадуеке од Челси, каде играчот минатата сезона прикажа одлична игра со 11 голови и 5 асистенции во 45 натпревари.

“Сините” му се заблагодарија за неговото време поминато во Челси, каде дојде во 2023 година од холандскиот клуб Ајндховен.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено