Арсенал им го “собра” играчот на Тотенхем, Езе се сели на Емирати!

 

Објавено:

Арсенал влегува во завршна офанзива за трансфер на Еберечи Езе, а самиот играч му соопштил на Кристал Палас дека сака да ја продолжи кариерата на Емирати.

Во изминатите денови, претседателот на Палас, Стив Париш, разговарал со првиот човек на Тотенхем, Даниел Леви, околу можен договор. “Спарси” дури постигнале начелна согласност и со клубот и со играчот, но интересот на Арсенал се засили по повредата на Каи Хаверц, што ги менува сите планови.

Арсенал е подготвен да ги исполни условите на Палас, а желбата на Езе е трансфер кај “топџиите”. Ова го остава Тотенхем без многу избор освен да се сврти кон алтернативни цели. Според повеќе извори, меѓу кои и Фабрицио Романо, вечерва биле веќе биле договорени сите детали за трансферот вреден 60 милиони фунти.

Кристал Палас, пак, одложува финализирање на преговорите до четврток, кога Езе треба да настапи во плеј-офот за Конференциската лига против норвешкиот Фредрикстад.

Зошто Арсенал го сака Езе?

Како што пишуваше “The Athletic”, Арсенал активно го следеше пазарот во потрага по офанзивни засилувања во случај Хаверц да отсуствува подолго време. Езе, кој во младинските години бил дел од академијата на Арсенал, е идентификуван како најсериозна цел.

Минатата сезона, англискиот репрезентативец заврши со одлична форма: девет гола на последните 13 натпревари, вклучувајќи го победничкиот погодок во финалето на ФА Купот против Манчестер Сити, како и гол во ремито (2-2) со Арсенал на Емирати.

Иако иднината му е неизвесна цело лето, Езе беше дел и од стартниот тим и во Комјунити Шилд победата против Ливерпул, како и во првото коло од Премиерлигата на гостувањето кај Челси (0-0). По тој меч, тренерот Оливер Гласнер изјави: “Сè уште зборуваме за шпекулации. Езе има договор со Палас и тој е наш играч. Клаузулата веќе не постои, сè е одлука на клубот”.

Извор: https://x.com/CPFC

Арсенал со офанзивно лето

“Топџиите” веќе инвестираа значителни средства во нападот: Виктор Ѓокереш пристигна од Спортинг Лисабон за 63,5 милиони евра, додека Нони Мадуеке беше донесен од Челси за 48,5 милиони фунти. Талентираниот Итан Нванери исто така потпиша нов долгогодишен договор.

За Микел Артета, Езе е привлечен бидејќи може да игра и во средината и на крилна позиција, што е клучно решение за покривање на празнината по Хаверц и дополнително засилување на конкуренцијата во нападот.

Езе пристигна во Палас од КЈР во 2020 година за околу 17 милиони фунти. Од тогаш има одиграно 169 натпревари и постигнато 40 гола, а со англиската репрезентација запиша 12 настапи и 1 гол.

Иако со трансферот Палас би остварил голем профит, загубата на најважниот играч во завршницата на преодниот рок би била тежок удар за клубот. Но, со оглед дека Езе сака трансфер, а Арсенал притиска да ги финализира преговорите, исходот изгледа сè поблиску.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено