Арсенал со Кристал Палас, Њукасл со Фулам во четвртфиналето на Карабао Купот!

Објавено:

Бранителите на титулата од ланската година, Њукасл Јунајтед, вчера на домашен терен одиграа одличен натпревар против Тотенхем, победувајќи ги со 2-0, покажувајќи дека имаат сериозна намера повторно да го кренат трофејот.

Тие во четвртфиналето сега ќе се сретнат со Фулам, кој вчера во продолжение на пенали го совлада Вајкомб со 5-4. Одлична игра за Њукасл повторно прикажа новото засилување Ник Волтемаде, кој сè повеќе се вклопува во тимот како замена за Александер Исак кој летово предизвика вистинска драма со неговото саботирање на тимот, притиснувајќи за својот трансфер во Ливерпул.

Неговиот сегашен тим пак, вчера изгуби на Енфилд со 0-3 од одлично расположените Кристал Палас, кои како да го најдоа рецептот за тимот на Арне Слот, па редовно ги победуваат во сите заеднички дуели.

Кристал Палас овој пат ќе треба во четвртфиналето да поминат уште еден тежок предизвик ако сакаат влез во полуфиналето. Тие ќе се сретнат со Арсенал, кои оваа сезона играат беспрекорен фудбал со голема дисциплина.

“Топџиите” вчера на домашен терен со 2-0 го совладаа Брајтон, во уште еден меч кој ја покажа нивната доминација во англискиот фудбал сезонава и претендирањето на конечно освојување трофеи.

Уште едни фаворити Челси, вчера и покрај црвениот картон успеаја да извојуваат триумф кај Вулвс со резултат од 3-4. Тие сега ќе се сретнат со единствените не-премиерлигаши кои останаа во игра, Кардиф Сити.

Последниот пар го сочинуваат Манчестер Сити и Брентфорд, тимови кои вчера победија на гостувањата кај своите ривали. Сити славеше на гости кај Свансеа со 3-1, а Брентфорд кај сензацијата која ги елиминираше Манчестер Јунајтед, Гримсби Таун славеше со 5-0.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено