Трансфер пазарот во Премиер лигата честопати знае да биде суров, а Њукасл Јунајтед дефинитивно ќе го памети ова лето како еден од најболните порази. Додека „страчките“ со недели преговараа за потписот на швајцарската сензација Јохан Манзамби, Астон Вила го направи потегот што никој не го очекуваше, но сега изгледа поблиску до реалноста од било кога.
Додека сите медиуми ги убедуваа навивачите дека Вила не е во игра, се појави видео од после четвртфиналниот дуел помеѓу Аргентина и Швајцарија кое навивачите веруваат дека ги разоткри сите карти. Според нив, во видеото, голманот на Астон Вила, Емилијано Мартинез, пријателски го поздравува Манзамби и директно го прашува: „Доаѓаш во Вила?“, на што младиот играч со насмевка одговара: „Да“. Никој не му обрна внимание на ова додека „бомбата“ не одекна вчера вечер.
Martinez: “You coming to Villa?”
— Sporting Minute (@sportingminute) July 13, 2026
Manzambi: “Yeah”
😂 And not a soul picked up on this until after the news broke last night, but we hang on the words of journos who told you with a straight face that Villa weren’t involved. pic.twitter.com/ueh12nwE61
Зошто Манзамби ја избра Вила пред Њукасл?
Иако Њукасл постигна начелен договор со Фрајбург, Манзамби очигледно не беше целосно убеден во проектот на „Сент Џејмс Парк“. Тука се појави Астон Вила. Управата на тимот од Бирмингем беше принудена да реагира молскавично откако Амаду Онана доживеа тешка повреда на лигаментите на коленото, што остави огромна дупка во средниот ред на тимот на Унаи Емери.
Изборот за Манзамби беше повеќе од логичен. Додека Њукасл остана без европски фудбал, Астон Вила следната сезона ги очекува настап во Лигата на шампионите. За 20-годишниот играч, кој блесна на Мундијалот и веќе има зад себе 58 настапи во Бундеслигата, престижот на елитното натпреварување беше пресуден фактор.
Удар за Њукасл, победа за Емери
За Њукасл, ова е нов болен удар. Тие испратија тимови во Германија, водеа разговори лице в лице, но на крајот останаа „кратки“. Ова е веќе втор пат ова лето „страчките“ да бидат надиграни на трансфер пазарот, откако претходно Ливерпул им го „украде“ Виктор Муњоз.
Манзамби, кој е производ на школата на Сервет, а потоа се разви во Фрајбург, е играч со огромен потенцијал. Со 47 настапи во минатата сезона, 7 гола и 9 асистенции, тој беше клучниот човек во походот на Фрајбург до финалето на Лига Европа. Неговата способност да покрива повеќе позиции во средниот ред е токму она што му треба на Унаи Емери за долгата сезона во Европа.
Астон Вила сега е во процес на финализирање на документацијата за „срамежливиот“ трансфер кој се криеше пред очите на сите, а веста ја потврдија кредибилните новинари како Дејвид Орстин.



