Астон Вила потврдија дека нивниот крилен играч Леон Бејли идната сезона ќе игра во Рома на позајмица. Бејли заминува во Рома, клуб кој минатата година заврши на петтата позиција во Серија А лигата, а договорот е потпишан за една година.
Бејли се приклучи на тимот на Астон Вила во 2021 година. Оттогаш, за нив има одиграно 144 натпревари, во кои има постигнато 22 гола.
Ова е уште еден обид на клубот да ги исполни финансиските рестрикции кои им се наметнати на клубовите од Премиер лигата. Тие летово мораа да го продадат и Џејкоб Ремзи на Њукасл.
На отворањето на сезоната токму против Њукасл, навивачите излегоа со транспаренти “Без ограничувања на нашите соништа”, алудирајќи на големите ограничувања кои помалите клубови ги имаат кога станува збор менаџирање во рамките на финансиските регулативи на лигата.



