11.8 C
Skopje

Атлетико Мадрид без Алварез и Кардосо во пресметката со Ливерпул

Објавено:

Иако денес фудбалерите на Атлетико Мадрид отпатуваа за двобојот со англискиот гигант Ливерпул, меѓу нив не се едни од ѕвездите на тимот кои ќе отсуствуваат поради повреди.

Како што објавија од клубот, Алмада, Гименез и Баена очекувано го пропуштаат првиот натпревар од Лигата на шампионите, но меѓу повредените се најде и Хулијан Алварез, кој уште на натпреварот против Виљареал излезе од теренот откако се пожали на повреда во коленото.

И Џони Кардосо нема да биде дел од мечот, поради истегнување на левиот глужд, повреда со која се здобил на вчерашниот тренинг со тимот.

Атлетико Мадрид утре ќе се соочи со шампионите од Премиер лигата, кои досега покажаа дека се во одлична форма, а оваа сезона настапуваат и со неколку нови засилувања.

Но, она што е сигурно е дека ниту еден клуб не треба да биде отпишан пред време во Лигата на шампионите, па останува да видиме како ослабениот Атлетико Мадрид ќе се справи на гостински терен со силниот Ливерпул.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено