Балканско шоу во НБА: Јокиќ со нов трипл-дабл, Дончиќ ги „растури“ Милвоки!

Објавено:

Минесота Тимбервулвс – Денвер Нагетс (112:123)

Денвер Нагетс продолжуваат да бидат „шампионска машина“. Во дербито против Минесота, тимот на Мајк Мелоун славеше со 123-112, стигнувајќи до седма победа по ред и до 10-2 скор кој ги држи на второто место на Западот, веднаш зад залетаната Оклахома Сити.

Што е највпечатливо?
Дури девет од 12 победи сезонава се со двоцифрена разлика, нешто што успеале само уште четири тима во историјата, три од нив завршувајќи како шампиони.

И покрај тоа што беа без Кам Џонсон и Кристијан Браун, Нагетси повторно беа доминантни. Тим Хардвеј Џуниор блесна во првиот старт сезонава со 23 поени, Пејтон Ватсон го измачи Едвардс кој шутна само 8/23, а четири играчи завршија со над 20 поени.

И секако – Никола Јокиќ како Никола Јокиќ.
Седми трипл-дабл на 12 мечеви со 27 поени, 12 скока, 10 асистенции, со полна контрола на темпото и уште една вечер во која Минесота немаше одговор.

Милвоки Бакс – ЛА Лејкерс (95:119)

Без ЛеБрон, Хачимура, Маркус Смарт и со листа на повредени подолга од Американската декларација, никој не очекуваше спектакл од Лејкерс. Но, Лука Дончиќ реши да направи свој.

Со 41 поен и 9 скока, Словенецот ја презеде арената, го контролираше секое поседување и буквално го „растури“ Милвоки, кој и покрај 32 поени и 10 скока на Јанис Антетокунбо изгледаше без енергија по катастрофалното прво полувреме.

Остин Ривс додаде 25 поени и 8 асистенции, а Деандре Ејтон помогна со 20+10. Лејкерс добија со 119-95, победа која изгледаше полесно од очекуваното.

Кливленд Кавалиерс – Мемфис Гризлис (108:100)

Донован Мичел уфрли 30 поени, од кои неверојатни 14 за само четири минути во финишот, за да ги однесе Кавалиерите до победа од 108-100 над Мемфис.

Мобли доминираше со 22 поени и 13 скока, а Кливленд направи серија од 17-2 со која го реши мечот.

Кај Мемфис, Џарен Џексон Џуниор даде 26 поени, но шутираше 6/23. Џа Морант одигра само 6 минути поради нова повреда, овој пат на листот на ногата.

Шарлот Хорнетс – Оклохома Сити Тандер (96:109)

Оклахома Сити Тандер продолжуваат да играат како актуелни шампиони со 109-96 против Шарлот, петта победа по ред и продолжување на неверојатната низа против Источната конференција од 23 победи по ред.

Шеј Гилџиус-Александер со 33 поени беше на своето ниво, Чет Холмгрен заврши со 25, а ОКС водеше цел втор дел.

Индијана Пејсерс – Торонто Репторс (111:129)

Во меч полн со напад, РЈ Барет и Јакоб Пелтл дадоа по 22 поени, а Торонто стигна до четвртата победа во пет гостувања.

Рапторс имаа седум играчи со двоцифрен учинок, Инграм додаде 19, Барнс имаше 14/11/6.

Кај Индијана, Паскал Сијакам заврши со 30 поени, но тимот играше без поголем дел од стартерите.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено