Барселона ја заокружува 2025 година со историско постигнување кое ја поврзува сегашната генерација со далечното минато на клубот. Тимот предводен од Ханси Флик успеа да постигне барем еден гол на секој одигран натпревар во Ла Лига во текот на оваа календарска година, подвиг кој претходно бил оставен само во 1943 година.
Пред повеќе од осум децении, тогашниот тренер Жоан Жозеп Ногес предводеше состав кој на 25 натпревари постигна 84 гола. Сепак, денешната Барса на Флик е уште побрутална. Во 2025 година, Каталонците одиграа 37 натпревари во домашното првенство и запишаа неверојатни 102 погодоци, со биланс од 31 победа, три ремија и само три порази.
За разлика од генерацијата од 1943 година која не успеа да се закити со титула, овој состав на Барселона веќе ја славеше шампионската круна во сезоната 2024/25, а годината ја завршува како лидер на табелата. Оваа доминација и константност во нападот само потврдува дека „машината“ на Флик моментално е незапирлива во шпанскиот фудбал.



