Барса е новиот крал на “YouTube”, ги надмина ФИФА и НБА

 

Објавено:

Несомнено е дека каталонскиот гигант Барселона е глобален бренд, а нивното влијание го потврдија и со дигиталното присуство и фановите на социјалните мрежи.

Денес клубот објави дека официјално достигнале 23.8 милиони следбеници на платформата “YouTube”, со што ги надминаа брендовите како ФИФА и НБА, станувајќи број еден спортски клуб.

Минатиот јануари, Барса стана првиот спортски клуб кој успеа да ја помине бројката од неверојатни 20 милиони следбеници на платформата, а во тоа време само ФИФА и НБА се наоѓаа пред фудбалскиот клуб од Шпанија.

Ако се спореди со другите спортски профили, Реал Мадрид има 18.1 следбеници, Ла Лига има 13.1 и Ливерпул има 11.7 милиони следбеници, со што се потврдува дигиталната доминација на Барселона.

Тие објавија дека натпреварот за Гампер купот достигнал рекордна гледаност на “YouTube”, а вкупно го гледале над 18.7 милиони гледачи. Покрај доминацијата на оваа платформа, тие се пофалија и со огромниот раст кој го имаат и на кинеската платформа “Douyin”.

“Овој пораст, на зголемување на следбениците, гледаноста и интеракциите го поставува фудбалскиот клуб Барселона како еден од најмоќните спортски брендови во дигиталната сфера и ја потврдува врската која клубот ја има со милионските навивачи”, се истакнува во соопштението од клубот.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено