Барселона на чекор до ангажман на Маркус Рашфорд од Манчестер Јунајтед

Објавено:

Барселона е во завршна фаза од преговорите за да го доведе Маркус Рашфорд од Манчестер Јунајтед, во форма на едногодишна позајмица со опција за откуп, според последните информации на реномираниот “The Athletic”.

Каталонскиот гигант веќе доставил официјална понуда преку посредници, при што е договорено да го покрие целосниот договор на англискиот напаѓач за времетраењето на позајмицата. Рашфорд, кој има 27 години, сака трансфер на Камп Ноу, а Јунајтед ја прифатил идејата. Иако договорот сè уште не е финализиран, сите страни се блиску до официјализација.

Фаворит на спортскиот директор Деко уште од јануари, Барса го гледа Рашфорд како идеално решение за позицијата на левото крило, дел кој беше тенок со избор на крајот од минатата сезона. Новиот тренер Ханси Флик, кој јавно зборуваше за потребата од засилувања на крилните позиции, веќе остварил директен контакт со англискиот репрезентативец и го поддржал неговото доаѓање.

Покрај спортските, трансферот носи и финансиски бенефити за Барселона, која и понатаму функционира во лимитиран буџет и избегнува скапи трансфери. Позајмицата со целосна покриеност на платата ја прави зделката финансиски одржлива за клубот.

Рашфорд ја помина пролетната полусезона како позајмен фудбалер во Астон Вила, каде постигна четири гола на 17 натпревари пред да се повреди на мечот во април. Повредата на задната ложа го остави надвор од терените до крајот на сезоната, а тоа беше причината што не се најде во најновиот список на Томас Тухел за настапите против Андора и Сенегал.

Со недефиниран статус во Јунајтед под водство на Рубен Аморим, Рашфорд беше меѓу петтемината играчи кои добија дозвола да преговараат со други клубови. Иако се појави во тренинг-центарот на Јунајтед на 8 јули, тренираше индивидуално, без да биде дел од првиот тим.

Барселона веќе беше блиску до договор со Нико Вилијамс, но тој ја продолжи верноста на Атлетик Билбао до 2035 година, додека Ливерпул ја одби понудата за Луис Дијаз, кој е исто така на радарот на Баерн Минхен.

Флик претходно ги пофали и Дијаз и Рашфорд, велејќи: “Не сакам да зборувам за играчи кои не се дел од мојот тим, но и двајцата се фантастични фудбалери. Ми се допаѓаат, ќе видиме што ќе се случи”.

Рашфорд досега има 426 настапи и 138 голови за Јунајтед откако дебитираше во 2015 година, но по сè изгледа наскоро кариерата ќе ја продолжи под каталонското сонце.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено