Барселона го загуби полуфиналниот меч на Ф4 турнирот против Магдебург во последните секунди од натпреварот, а сега виновниците за поразот го бараат во македонските судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.
Од каталонскиот клуб велат дека ги пренеле своите ставови до ЕХФ и дека поднеле жалба за судењето кое го сметале за нееднакво за двете страни. После драматичната победа над Барса во полуфиналето, Магдебург стана европски шампион, совладувајќи го тимот на Фуксе Берлин во финалето.
Барса смета дека судењето на Македонците не било на посакуваното ниво за таков важен натпревар.
Најважните моменти од натпреварот можете да ги погледнете тука:


