10.8 C
Skopje

Бегановиќ ќе го вози Ферари болидот на Леклер

Објавено:

Младиот Дино Бегановиќ кој имаше вистински подем и одлична сезона изминатата година во Формула 2, тренд кој го продолжи и оваа сезона со пол позицијата во Имола, ќе вози за тимот на Ферари на првиот тренинг на трката во Австрија.

Бегановиќ веќе возеше еднаш за Ферари во Бахраин, а овој пат тој повторно добива шанса да го вози болидот на Шарл Леклер и да добие дополнително искуство во највисокото ниво на Формула 1.

Извор: https://www.facebook.com/ScuderiaFerrari

Дино има потекло од Босна и Херцеговина, но е роден и израснат во Шведска каде и ја започнал својата тркачка кариера. Ова го прави Бегановиќ првиот професионален возач кој успеал да стигне до Формула 1 и да вози официјален натпреварувачки болид, а успехот е уште поголем ако се земе во предвид дека тоа ќе го направи веќе втор пат за топ тим како Ферари.

Уште еден интересен факт е што Бегановиќ од 2020 година е член на Ферари возачката академија, рамо до рамо со братот на Шарл Леклер, Артур.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено