Белами: “Ние во Британија имаме здрав разум, ова не се наши правила!”

Објавено:

Селекторот на Велс, Крег Белами, упати жестоки критики кон УЕФА и различните толкувања на правилото за играње со рака, по поразот на неговата репрезентација од Белгија со 4:2 во клучниот квалификациски натпревар.

Иако Велс поведе, натпреварот беше одбележан со контроверзен пенал за Белгија, кој, според Белами, целосно го сменил текот на играта и го уништил моментумот на неговиот тим.

“Удар под појас” кој го смени текот на натпреварот

Велс имаше одличен старт и поведе со голот на Џо Родон. Но, во 17-тата минута, по удар на Де Кетеларе од непосредна близина, топката го погоди во рака Етан Ампаду. По долга ВАР-проверка, германскиот судија досуди пенал, од кој Де Брујне израмни на 1:1.

“Тоа беше тешко да се прифати. Беше како удар под појас кој ја уништи енергијата и на тимот и на публиката”, изјави Белами, кој поради жестоките протести доби жолт картон и ќе биде суспендиран за следниот натпревар.

Војна на правила: “Ние имаме здрав разум, ова се правила на УЕФА!”

Најинтересниот дел од изјавата на Белами беше директната критика за неконзистентноста на правилата помеѓу британскиот и европскиот фудбал.
Можеби ние треба да направиме нешто поинаку тука (во Британија), бидејќи ова не се наши правила. Ние имаме повеќе здрав разум. Сум гледал доволно натпревари во Лигата на шампионите за да знам дека според правилата на УЕФА, ова е пенал. Но, јас не верувам дека играта треба да се игра на овој начин”, грмеше велшкиот селектор.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено