10.8 C
Skopje

Белгија и Германија се помачија за трите бода, Франција и Швајцарија запрени

Објавено:

Белгија и Германија синоќа мораа сериозно да се потрудат за нови победи во европските квалификации за Светското првенство, додека Франција и Швајцарија беа запрени со ремијата.

Исланд 2–2 Франција

“Триколорите” остануваат лидери во Групата Д, но ја загубија перфектната низа по тешкото реми во Рејкјавик. Домашниот голман Елијас Рафн Олафсон блескаше во првото полувреме, а Виктор Палсон го донесе Исланд во водство.

Со погодоците на Кристофер Нкунку и Жан-Филип Матета, Франција направи целосен пресврт, но само неколку минути подоцна Кристијан Хлинсон израмни за конечни 2–2. Франција останува три бода пред Украина, додека Исланд заостанува уште три.

Извор: https://x.com/brfootball

Велс 2–4 Белгија

Две пенали на Кевин де Брујне ја однесоа Белгија на чекор до пласман на Мундијалот и преземање на првата позиција на табелата токму од Македонија.

Џо Родон му донесе рана радост на Кардиф, но по осум минути Де Брујне израмни, а Томас Мение ја заврши првата половина со погодок за 1–2. Иако Велс притискаше и преку Натен Бродхед намали на 2–3, Леандро Тросар со погодок од контра ја затвори приказната за конечни 2–4 за “Црвените Ѓаволи”.

Најдоброто од останатите мечеви

Северна Ирска 0–1 Германија

Германците стигнаа до трета победа во четири кола благодарение на првиот репрезентативен гол на Ник Волтемаде, но на крајот мораа да се бранат во Белфаст.

Словачка, нивниот иден противник во последното коло, исто така е со девет бода по триумфот над Луксембург.

Извор: https://x.com/brfootball

Словенија 0–0 Швајцарија

Швајцарците пропуштија шанса да обезбедат место на Мундијалот уште сега, откако изиграа со реми без голови во Љубљана, па ќе мораат да почекаат до ноември.

Шведска 0–1 Косово

Изненадување во Скандинавија! Косово дојде до голем триумф во Стокхолм и се искачи на второто место во групата.

Украина 2–1 Азербејџан

Руслан Малиновски со фантастичен удар во второто полувреме донесе победа за Украина и ја задржа во трката со Франција на врвот на групата.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено