Белгија и Велс имаат по една средба помалку од Македонија во рамките на квалификациите за Светското првенство, а токму двете репрезентации кои ни се најголеми конкуренти за освојување на првото место вечерва ќе се сретнат во меѓусебниот дуел.
Белгијците се видно разочарани од неможноста да ја победат нашата репрезентација, но сега велат дека токму тоа ќе им претставува мотив да одат на победа на гостувањето во Велс.
“Менталитетот на тимот е многу силен. Разочарувањето по последниот меч само покажува колку силно ја посакуваме победата. Знаеме што да очекуваме и целосно сме подготвени”, изјави голманот Куртоа на прес-конференцијата за медиумите.
Mindset on point. 👊 pic.twitter.com/ncGTLRpbNN
— Belgian Red Devils (@BelRedDevils) October 12, 2025
Тој немаше многу шанси да се истакне во натпреварот со Македонија, но затоа на другата страна нашиот Столе Димитриевски и тоа како се “изнаработи” за да ги стопира нападите на Доку, Де Брујне и останатите Белгијци.
По натпреварот тие се пожалија дека судијата “пропуштил да санира неколку клучни инциденти врз нивните играчи”, обвинувајќи го за пропуштената шанса да стигнат до трите поени на домашен терен.