Битка за Ѓорче Петров: „Лавовите“ играат финале за опстанок, Тиквеш бара влез во елитното друштво!

 

Објавено:

Денеска со почеток во 14:00 часот, на стадионот во Ѓорче Петров ќе се стави точка на 19-то коло во Првата македонска фудбалска лига. Дуелот меѓу Македонија ЃП и кавадаречки Тиквеш е повеќе од обичен натпревар – за домаќините ова е борба за гол прволигашки живот, а за гостите шанса конечно да го фатат приклучокот со врвот.

Пецов: За Македонија ЃП секој домашен меч е финале

Домаќините влегоа во сезоната со големи амбиции, но турбуленциите во клубот, промената на стручниот штаб и заминувањето на клучни играчи ги доведоа „Лавовите“ во незавидна позиција. Капитенот Христијан Пецов е свесен дека пролетниот дел нема да трпи импровизации.

„Нè чека тешка битка за бодови оваа пролет. За нас секој меч, особено на домашен терен, е финале. Мора да освојуваме бодови ако сакаме и натаму да имаме статус на прволигаш. Респект за Тиквеш, но Македонија ЃП оди без пардон до крајот“, дециден е Пецов.

Извор: https://www.ffm.mk

Тиквеш на прво вистинско гостување по „нула-шест“ против Шкупи

Кавадарчани имаа фуриозен старт на пролетта. Прво го понижија Шкупи со неверојатни 6:0, а потоа покажаа заби и против шампионот Шкендија, иако на крајот загубија со 1:4 по несватлив пад во второто полувреме. Денешниот меч во Ѓорче е нивно прво гостување надвор од Кавадарци оваа пролет.

Кристијан Ацковски верува дека Тиквеш има квалитет да се врати на победничките патеки:

„Ова за нас е еден од клучните мечеви сезонава. Едноставно мора да влеземе во горниот дел од табелата. Против Шкендија одигравме лошо второ полувреме и редно е денеска да покажеме за што сме и каде припаѓаме“, вели Ацковски.



Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено