Боависта пред згаснување: Имаат рок до понеделник да платат или ставаат клуч на врата!

Објавено:

Еден од најголемите португалски клубови, Боависта, се наоѓа пред најтешките 48 часа во својата историја. Клубот од Порто е пред банкрот и му се заканува итно затворање доколку до понеделник не ги подмири долгови кон стечајната маса.

По Собранието на доверители одржано на 16 декември, клубот доби последна шанса, но под строги услови. Првиот ултиматум истекува во понеделник: раководството мора итно да депонира 55.000 евра за тековните трошоци, во спротивно стечајниот управник има овластување веднаш да ја прекине дејноста на клубот.

Ултиматум од судот: Нема веќе одложувања

Ситуацијата е критична. Според записникот од состанокот, доколку оваа сума не биде платена, не е потребно ново собрание, клубот автоматски ќе биде затворен, со ефект 15 дена по одлуката. Но, дури и да го „преживеат“ понеделник, маките не завршуваат. Боависта ќе мора да обезбедува по околу 150.000 евра месечно за јануари, февруари и март 2026 година за да остане во живот.

Навивачите собираат донации, претседателот недостапен?

Додека управата молчи, навивачите очајнички се обидуваат да го спасат клубот преку кампањата „Боависта, засекогаш!“ (Boavista, Sempre!), собирајќи донации. Сепак, атмосферата е напната, а дел од фановите го обвинуваат претседателот Гаридо Переира дека е недостапен и нема план за спас на „Пантерите“.

Извор: https://boavistafc.pt/

Дали ова е крајот за шампионот на Португалија од 2001 година?


Следете нè: Facebook | Instagram | X

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

Тазе објавено