11.8 C
Skopje

Бојан Миовски официјално претставен како играч на Глазгов Ренџерс

Објавено:

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски е нов фудбалер на шкотскиот гигант Ренџерс, откако клубот од Ајброкс го донесе напаѓачот од Џирона. 26-годишниот Бојан стави потпис на четиригодишен договор и веќе во недела може да дебитира во најголемото дерби на Шкотска, против вечниот ривал Селтик.

“Ова е огромен клуб со неверојатна историја и голема чест е да бидам дел од него. Во моментот кога дознав за интересот на Ренџерс, веднаш знаев дека ова е вистинското место за мене”, изјави Миовски по официјализацијата.

Миовски им е добро познат на шкотските фанови. Тој во дресот на Абердин постигна 44 гола на 98 натпревари за само две сезони, пред да замине во Шпанија. Во Џирона не доби вистинска шанса, каде постигна само четири гола минатата сезона, но неговото враќање во Шкотска значи дека Ренџерс добива проверен напаѓач, кој веќе знае како се постигнуваат голови во Премиершип.

Извор: https://www.rangers.co.uk

Токму против двата гиганти, Ренџерс и Селтик, Миовски има седум погодоци во само 16 натпревари, што е доказ за неговиот квалитет. Особено се памети неговиот победнички гол за 10-те играчи на Абердин во полуфиналето на Лига Купот во 2023 година на Хампден.

Тренерот Расел Мартин беше јасен: “Бојан има одлично движење, интелигенција и голгетерски инстинкт. Тој веќе се има докажано во оваа лига и сигурен сум дека ќе биде голем адут за нас”.

Со 31 настап за Македонија, Миовски е еден од столбовите на нашата репрезентација, а трансферот во еден од најголемите клубови на Британските острови претставува ново признание за неговата кариера.

Веќе во недела, Македонија ќе има свој претставник во легендарното
“Олд Фирм” дерби, кое може да биде совршена сцена за нов почеток на Миовски во синиот дрес на Ренџерс.

Извор: https://www.rangers.co.uk

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено